Niko 2002

the fashion starts here..

Нико 2002

ЗА НАС 

НИКО 2002 е приватна компанија од Штип, формирана во 2002 година за која со гордост може да се констатира дека во своето долгогодишно работење стана препознатлива по големиот лагер на текстилни материјали и репроматеријали, во сопствен магацин, за потребите не само за конфекции и текстилната индустрија, туку и за производство на мебел, чевларската, прехрамбената и други индустрии. Наша предност е што на едно место може да се најдат сите производи кои Ви се потребни, а се поврзани со производство на текстил, ХТЗ опрема и слично, што директно влијае на намалување на трошоците и заштеда на време. Со цел да се излезе во пресрет на барањата на нашите коминтенти, секогаш постои и можноста за советување и изработка на производи по нивна желба. Задоволството на нашите потрошувачи е движечка сила која ни обезбедува континуиран раст, што беше дополнителна причина за отворање на наша канцеларија во центарот на Скопје, каде може да се видат сите текстилни материјали, репроматеријали и останати производи од нашата широка палета. На тој начин сме подостапни за нашите постоечки, а и за новите клиенти и можеме да одговориме брзо и флексибилно на сите прашања, се во насока на градење трајно партнерство и зацврстување на соработката со нашите потрошувачи.

10

ПРОЕКТИ

25500

РАБОТНИ ЧАСОВИ

30

ВРАБОТЕНИ

Контактирајте не

Постави Прашање